2.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Црно му се пишува и на Циципас, Ѓоковиќ нема загубено финале во Мелбурн!

Новак Ѓоковиќ само со еден загубен сет дојде до своето десетто финале на Отвореното првенство на Австралија, а дека ќе биде фаворит и во финалето, потврдува и податокот дека тој досега ги доби сите девет полуфиналиња и финалиња во Мелбурн.

За Ѓоковиќ тоа ќе биде 33-тото гренслем-финале, што е рекорд во машкиот тенис, го држи рекордот и може да го подобри по бројот на титули во Австралија, а со победа во финалето над Стефанос Циципас, ќе се врати на прво место и ќе го подобри рекордот и по бројот на недели поминати како светски рекет број 1, засега е на 373.

Покрај тоа, триумф на Отвореното првенство на Австралија ќе значи изедначување на рекордот на Рафаел Надал од 22 гренслем-титули.

Ѓоковиќ и Циципас еднаш имаат играно финале на гренслеми-турнирите, на „Ролан Гарос“ во 2021 година. Тогаш Гркот водеше со 2-0 во сетови, а Ѓоковиќ направи пресврт и триумфираше со 3-2. Вкупно Новак води со 10-2 во меѓусебните дуели со Циципас.

- Оглас -

Најнови вести