Црногорец во новиот тим одигра само 15 минути и побара раскин на договорот

Црногорскиот голгетер Игор Вукчевиќ го напушти косовскиот клуб Лапи и тоа само по 15 минути одиграни на теренот и вкупно 14 дена поминати во дресот на новата екипа. Според црногорските медиуми, Вукчевиќ побарал раскин на договорот поради транспарентот кој се појави на трибините на мечот меѓу Лапи и Будуќност во Конференциската лига. 

Косовските навивачи на трибините истакаа транспарент на кој имаше карта на поделена Црна Гора, пораката беше „Вие сте следните“. Ваквото однесување на навивачите на Лапи било неприфатливо за Вукчевиќ, кој реши да си замине од косовскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести