Црногорките го добија дербито, блескаше некогашната Вардарка

Репрезентацијата на Црна Гора славеше со 27:26 против Романија во дербито на четвртото коло од ракометниот Мундијал за жени што се игра во Јапонија. Во поголем дел од мечот Романките имаа водство, кое на средината од второто полувреме беше и со четири разлика (20:16).

Сепак, кога беше најпотребно, Црногорките одиграа перфектно. Со серија од 7:0 успеаја да направат пресврт и да поведат, а на крајот стигнаа и до минимална победа. Јованка Радичевиќ, некогашната ракометарка на Вардар, беше предводник на Црна Гора со седум погодоци за четврта победа во четвртиот меч на Светското првенство.

Во последното коло од групната фаза, Црна Гора ќе игра против Шпанија, која исто така е перфектна досега. Црвената фурија денеска го прегази Казахстан со 43:16.

Сите мечеви од ракометниот Мундијал во Јапонија ги има на понудата на Sport Life, а денеска на програмата има уште три натпревари за играње.

 

- Оглас -

Најнови вести