Црвен картон му даде зелено светло на ПСЖ (Видео)

Монпелје до 73-та минута водеше со 1-0 против ПСЖ во меч од француското првенство, а тогаш Педро Мендеш доби црвен картон, и на гостите од Париз не им требаше многу време да ја искористат бројчната предност.

Во 75-та минута, Нејмар погоди од слободен удар за 1-1, а наредната минута се случи пресврт, со голот на Мбапе. Победата на „светците“ ја потврди Икарди. За ПСЖ сезонава имаат играно 30 различни фудбалери, што е доказ каква ширина во составот има актуелниот првак.

Погледнете го голот на Нејмар:

https://twitter.com/i/status/1203377333031321600

- Оглас -

Најнови вести