Црвена ѕвезда чести: За 75-тиот роденден билетите чинат 75 динари

Додека стадионите и спортските сали низ цела Европа ги затвораат вратите поради стравот предизвикан од ширењето на Коронавирусот, српскиот шампион Црвена ѕвезда најде начин како да ги привлече навивачите да се појават на стадион по повод 75-тиот роденден на белградскиот колектив.

За дуелот против Напредок, кој ќе се одигра во сабота, во рамките од 26-тото коло на српската Суперлига, билетите ќе чинат симболични 75 динари, односно 40 денари, или помалку од едно евро.

На „Рајко Митиќ“ се подготвува роденденска прослава и пожелно е да присуствуваат што повеќе навивачи, а потврдено е дека парите собрани од влезниците ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Исто така известени се и навивачите кои имаат сезонски билети посебно да купат влезница за овој меч со цел да се соберат што повеќе средства за хуманитарната акција.

 

- Оглас -

Најнови вести