Црвена ѕвезда игра против единствениот тим од кого минатата сезона загуби

Српскиот првак Црвена ѕвезда тргна силовито во новото првенство и по три кола има исто толку победи, па е единствен тим со максимални девет бода. Црвено-белите имаат гол-разлика од 11 дадени и само еден примен гол, што значи дека во просек има по четири погодоци на нивните мечеви.

Вечерва на стадионот „Рајко Митиќ“ Црвена ѕвезда е домаќин на тимот на Радник и се знае кој е апсолутен фаворит. Гостите од Сурдулица во минатата сезона завршија во долниот дел од табелата, но направија нешто што не му успеа на ниту еден друг тим во Србија.

Радник беше единствен тим кој ја победи Црвена ѕвезда во првенството и единствен од која не загуби. Во двата меча минатата сезона, Радник дома изненадувачки победи со 2:1, а во Белград направи уште едно чудо и одигра нерешено 1:1.

По првите три кола, Радник има само еден бод, што само покажува дека е чудо како успеал на последните два меча против Ѕвезда да не загуби. Сега Црвено-белите подготвуваат „одмазда“ за минатосезонските киксови, па на „Рајко Митиќ“ може да се очекува меч со многу погодоци во мрежата на гостите.

Освен Црвена ѕвезда, денеска игра и Партизан, и тоа на гости кај Нови Пазар. Црно-белите се најголемо разочарување на стартот од сезоната затоа што по три кола имаат само една победа. По стартниот триумф од 4:0 над Јавор, Партизан одигра само 3:3 на гости во Ниш против Раднички, а потоа дома не успеа да даде гол на дуелот против ТСЦ Бачка Топла и дуелот заврши 0:0.

- Оглас -

Најнови вести