Цветановска е во изолација, Дехари сам ќе го носи македонското знаме на отварањето на ЗОИ во Пекинг

Дардан Дехари сам ќе го носи македонското знаме утре на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг откако поради ковид отпадна варијантата за двајца знаменосци, комбинација која ја вклучуваше и олимпијката Ана Цветановска.

Од македонскиот олимписки комитет објаснија дека Цветановска имала контакт со својот тренер Борче Јовановски, кој е сместен во ковид-центар со позитивен тест на ковид-19.

Цветановска ќе треба да настапи задутре, во крос-кантри трката на 7,5 километри слободно и 7,5 километри скијатлон и на 10 февруари на 10 километри класичен стил.

Знаменосецот Дардан Дехари ќе има две трки во алпско скијање и најпрво ќе биде учесник во слалом трката на 13 февруари и три дена подоцна и во велеслалом.

Третиот македонски олимпиец, Ставре Јада во крос-кантри трките ќе настапи во спринт слободно 1,5 км на 8 февруари и во маратонот на 50 км слободно на 19 февруари.

- Оглас -

Најнови вести