Тухел ќе остане тренер на Баерн дури и да не ја освои титулата во Бундеслигата

Хаосот што го предизвикаа првите луѓе на Баерн Минхен, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и извршниот претседател Оливер Кан, со отпуштањето на тренерот Јулијан Нагелсман и носењето на Томас Тухел, планираат да го средат така што не го обрвзаа новиот стратег да ја освои титулата во Бундеслигата.

Тухел го наследи Нагелсман непосредно пред двомечот со Манчестер сити во четвртфиналето во ЛШ, но резултатите изостанаа.

Баерн е елиминиран од Сити во ЛШ, елиминиран е и од Купот на Германија, а со вчерашниот пораз од Мајнц, ја загуби и лидерската позиција на табелата во Бундеслигата. На пет кола пред крајот на сезоната, Баерн Минхен има 59 бода, еден помалку од Борусија Дортмунд.

Денеска управата на Баерн предводена од Кан и Салихамиџиќ донесе одлука Томас Тухел да остане тренер на екипата и следната сезона.

Според новинарот Фабрицио Романо, на Тухел ќе му биде дозволено во летниот преоден рок да донесе засилувања по негов вкус, а и да се ослободи од прекубројните играчи.

- Оглас -

Најнови вести