Англија ќе игра во четвртфиналето на Светско првенство, а селекторот Томас Тухел не штедеше зборови да ги пофали неговите играчи. Сепак, по мечот, Тухел не заборави да ја прокоментира и најактуелната ситуација на Светското првенство, а тоа е поништувањето на суспензијата поради црвен картон на репрезентативецот на САД, Фоларин Балогун.
Фудбалерот кој даде три гола на овој Мундијал за САД беше исклучен на дуелот против Босна и Херцеговина, но и покрај тоа, ФИФА донесе неверојатна одлука, суспензијата да не му важи и тој ќе може да игра вечерва во осминафиналето проив Белгија.
Многу негативни реакции стигнаа по оваа одлука на ФИФА, а Тухел потенцираше дека на мечот против Мексико, Деклан Рајс незаслужено добил жолт картон во првата минута и дали сега треба тие да се бунат и да бараат оваа опомена да биде „избришана“.
„Мислам дека Рајс не заслужи да добие жолт картон. Дали Фракција сега ќе го добие назад оној жолт картон што го доби Мајкл Олисе, а исто така не требаше да биде досуден? Каде почнува и каде завршува ова? Дали ќе се жалиме и за црвениот картон што го добивме? Не знам, ќе размислиме. Можеби ќе треба да се јавиме кај претседателот Трамп“, незадоволно коментираше Тухел.
Белгија се жалеше поради одлуката да биде поништена за суспензија на Фоларин Балогун, но факт е дека американскиот репрезентативец кој постигна три гола на овој Мундијал вечерва ќе биде во составот на САД во борба за пласман во четвртфиналето.

