Тунис го урна сонот на Мадагаскар (видео)

Тунис рутинирано го совлада националниот тим на Мадагаскар со 3-0 во последното четврт-финале на Африканскиот куп на нациите. По овој меч, одредени се полуфиналните двојки: Тунис ќе се сретне со Сенегал, додека Нигерија и Алжир ќе се борат за место во финалето.

Саси и Мсакни во период од осум минути во вториот дел по еднаш ја затресоа мрежата на Мадагаскар, Слити заби за 3-0 во судиското надополнување, што беше и повеќе од доволно за пласман во топ 4 на Афкон.

Полуфиналните средби се предвидени за 14 јули, додека големото финале е закажано три дена подоцна.

https://www.youtube.com/watch?v=XVgmPWvOpXc

https://www.youtube.com/watch?v=UIixYFOlkVs

- Оглас -

Најнови вести