Тунис треба да го сопре „чудото“ Мадагаскар

Мадагаскар – Тунис (21 ч.)

Мадагаскар е „чудото“ на Афкон. Островската земја за првпат е дел од еден континентален собир и многумина очекуваа дека ќе биде „топовско месо“. Сепак, во четири меча досега, Мадагаскар нема ниту еден пораз. И Тунис и Мадагаскар во четврт-финалето се пласираа по подобро изведување на пеналите.

Тунис во четири дуели има 4 ремија, од кои три се со резултат 1:1. Сега ќе бидат фаворити, но никако не смее да се отпише Мадагаскар.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Флора Талин – Раднички Ниш (18 ч.)

Гостите треба да ја имаат улогата на фаворити. Естонците немаат некој посебен квалитет во клупскиот фудбал и се очекува само достојно да му дадат отпор на противникот, кој треба да стигне до резултат кој ќе го одведе во следната фаза од квалификациите во Лигата на Европа.

Раднички имаше одлична сезона во Србија и беше главен ривал на Црвена ѕвезда во трката за титулата, завршувајќи пред Партизан, што покажува дека има квалитет во тимот од Ниш.

Предлог тип: Т22+ГГ (2.70) – квота на денот во Sport Life

 

Брегот на СК – Алжир (18 ч.)

Алжир буквално гази на Афкон и во досегашните четири меча има четири победи. Освен што сигурно победува, Алжир има и непробојна одбрана и нема примено ниту еден гол, а постигна вкупно 9 погодоци. И Брегот на Слоновата коска игра одлично, па има биланс од три победи и едно реми на турнирот во Египет.

Кога се работи за меѓусебните дуели, Брегот ја има фаворитската улога бидејќи во последните шест меча нема пораз во 90 минути игра. Ако се знае дека двете селекции негуваат напаѓачки фудбал, тогаш се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.45) – квота на денот во Sport Life

 

Радник Бјелина – Трнава (19 ч.)

Ова се очекува да биде еден од оние понеизвесни мечеви во кој може и еден погодок да биде решавачки. Тимот од Босна и Херцеговина се ориентира на дефанзива и најважно е да не примат гол на домашен терен. Спартак не е некој клуб од висока класа, па и не може да се очекува некој квалитетен дуел.

Затоа и најреално е да нема повеќе од два погодоци на овој натпревар.

Предлог тип:  0-2 (1.55)

 

Европа – Легија (20:30 ч.)

Европа е клуб од Гибралтар кој покажа дека и во најмладата членка на УЕФА се игра фудбал. Тие го поминаа првото претколо откако му дадоа шест гола на ривалот од Андора. Сепак, сега имаат многу потешка задача. Легија од Варшава е клуб со огромна традиција и тоа е клубот кој е голем фаворит во овој двомеч.

Ако се гледаат последните меча на двата клуба, се очекува вечерва да има погодоци.

Предлог тип: 2&4+ (2.15)

 

- Оглас -

Најнови вести