Стадионот „Турк Телеком“ е дезинфициран, подготвен е за Галатасарај – Бешикташ (Фото+Видео)

Турската лига се игра, а како дел од подготовките за попладнево кога од 17 часот во Истанбул на „Турк Телеком“ ќе се игра дербито помеѓу Галатасарај и Бешикташ, и на трибините ќе нема навивачи, вчера се случи дезинфицирање. Борбата против коронавирусот се води и во Турција, а испрскани беа сите делови од стадионот. Се дезинфицираа и внатрешноста, соблекувалните, тунелите, како и клупите за резервни играчи.

Ова е меч од 26-тото коло, Галата ако победи ќе се изедначи со водечките Трабзон и Башакшехир. Бешикташ има шест бода помалку и со триумф може да се вмеша во трка за титулата. Домашниот терен е голема предност во нивните меѓусебни дуели. Претходниот случај кога овие два тима играле пред празни трибини беше во сезоната 2007/2008.

Галата и Бешикташ играле дури 346 пати досега (Галатасарај има 122, Бешикташ 111 победи). Првиот меч беше во 1924 година. Статистички, црвено-жолтите е поопасен во првите, а црно-елите во вторите полувремиња.

Денеска во Турција се игра уште едно големо дерби. Силите ќе си ги одмерат Трабзонспор и Башакшехир, тимови кои се на делба на првото место во турскиот шампионат.

Погледнете како изгледаше процесот на дезинфекција:

- Оглас -

Најнови вести