Турција фати залет, брзо ќе падне Молдавија

Турција – Молдавија (18 часот)

Турците релативно лесно ја победија Албанија на стартот од квалификациите, а Молдавија очекувано загуби дома од светскиот првак Франција.

Домаќинот има супер биланс во меѓусебните дуели со Молдавците и никогаш не загубил, а има шест победи и две нерешени.

Кога се играло во Турција, билансот е 5-0 во победи за фаворитот. На последните две гостувања во Турција, Молдавците рано примаа голови и како да се предаваа однапред, па губеа со 5-0 и 3-1. И само тој гол од март 2017 им е запишан на контото при петте гостувања во Турција.

Шенол Ѓунеш има на располагање широк спектар на квалитетни играчи, Турција најави излез од кризата и е голем фаворит против скромната Молдавија. Типуваме дека Јилмаз, Тосун или некој од останатите репрезентативци на домашната репрезентација ќе постигнат брз гол за полесен пат до победата.

Предлог тип: 1&0-29 минута (2.10)

 

Франција – Исланд (20.45 часот)

Кога играат меѓусебе Франција и Исланд, секогаш е интересно и по традиција многу ефикасно. На последните четири меѓусебни дуели имаше најмалку по 4 голови на секој поединечно, а ГГ се последните 7 дуели меѓу светскиот првак и Исланд.

Во тој мод очекуваме да се одигра мечот и вечерва на „Стад де Франс“, секако фаворит, и тоа голем е Франција, но Исланд некако им пркоси на „триколорите“ во последно време и игра многу солидно против нив.

Предлог тип: T1 2+ второ полувреме (2.30)

 

Португалија – Србија (20.45 часот)

Португалците мораат на поправен испит по ремито со Украина, но во моментов српските „орли“ не се посакуван противник за вадење.

Кристијано Роналдо се врати во националниот состав со реми без голови против Украинците и од него се очекува да биде прв во јуриш вечерва за да се пробие српскиот обрач. Но, Србите се во налет, не респектираат никого, а имаат суперталентиран тим со млади ѕвезди од калибарот на Лука Јовиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Мијат Гачиновиќ, Никола Миленковиќ… Имаат серијал од 7 меча без пораз, а во низата им е успехот во Лигата на нациите и освоеното прво место во група од Сегментот Ц и потоа и ремито со Германија во Волфсбург на пријателски меч.

Вечерва на „Луж“ нема да им биде лесно на гостите, но сепак ќе типуваме дека ќе постигнат барем еден гол во мрежата на Руи Патрисио за убав коефициент од 1.90.

Предлог тип: Т2 1+ (1.90)

 

Црна Гора – Англија (20.45 часот)

Англичаните знаат како е да се игра во пеколната атмосфера во Подгорица и најмногу стравуваат од амбиентот. Двапати беа гости во главниот град на Црна Гора и двапати не успеаја да ја победат домашната селекција.

Англичаните во стилот на прекарот „Горд Албион“ повторно гордо истакнуваат дека имаат генерација за големи дела, но да се преплива Морача е исклучително тешко на фудбалски план.

Домашните соколи се подготвени за предизвикот, ќе се борат за секоја топка, иако се ослабени без двете ѕвезди Јоветиќ и Савиќ и малку похрабро ќе типуваме дека нема да загубат и третпат во Подгорица од Англија.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (3.85)

 

Косово – Бугарија (20.45 часот)

Косово зеде замав, игра одличен фудбал и ќе ни биде незгоден противник во март 2020 година во полуфиналето од Лигата на нациите. Дотогаш и тие и ние имаме нови предизвици во квалификациски циклус за настап на ЕП 2020 година.

За Косово ова е прв меч во евроквалификациите, атмосферата на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина знае да биде пеколна, што е проблем за гостинските репрезентации, но често и претежок товар за домаќините.

Старт е на квалификациите, нема да има некаков посебен императив, па очекуваме да има и по некој гол на балканското дерби.

Предлог тип: ГГ (2.12)

 

- Оглас -

Најнови вести