Турците направија светскиот првак да изгледа смешно (Видео)

Репрезентацијата на Турција со максимални 9 бода и гол-разлика 8-0 на трите досегашни меча, го зазема првото место во својата група од квалификациите за Европското првенство 2020 година, а вечерашната победа од 2-0 над светскипот првак Франција, само покажува дека Турците се во добра форма.

На средбата во Коња, Каан Ајхан и Џенгиз Ундер дадоа по еден гол во првото полувреме, и го најавија триумфот против екипа која во своите редови ги има Погба, Мбапе, Гриезман, Љорис и останатите ѕвезди. Ова е вториот гол на Турците:

https://www.youtube.com/watch?v=sL9RcPeMy7s

Останатите фаворити успеаја да освојат три бода. Белгија лесно излезе на крај со Казахстан и славеше 3-0, како и Германија со 2-0 на гости кај Белорусија, изненадувачки лесно со 3-0 победија Италијанците во Атина против нашиот јужен сосед, додека Шкотска со гол во 89 минута освои три бода за триумф од 2-1 во дуелот со Кипар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести