Еден од најдобрите НБА кошаркари во изминативе десетина години, Џејмс Харден е уапсен. Како причина поради која Харден се нашол во проблем со законот е незаконско носење на пиштол и сега против него се води прекршочна пријава.
Апсењето се случило во Тексас, а според информациите, Харден бил уапсен со пиштол во своето возило. Наводно, пиштолот бил на видливо место и не бил носен во футрола како што наложува законот.
BREAKING: James Harden was arrested early Saturday morning and charged with the unlawful carrying of weapons, per @TMZ
(h/t @BASKETBALLonX ) pic.twitter.com/EROhUtSLah
— NBACentral (@TheDunkCentral) June 13, 2026
Популарниот Брада бил пуштен со кауција, но треба да се појави на рочиште на 22 јуни. Условите за кауција му забрануваат поседување какво било огнено оружје, муниција или друго оружје, како и употреба, поседување или консумирање алкохол, контролирани супстанции, опасни дроги или марихуана, освен ако не е препишано од лекар. Тој мора да се подложи и на случајна анализа на урината.
Во сезоната која што завршува, Харден настапуваше за тимот на Кливленд кавелирд, тим кој беше елиминиран во конференциското финале од Њујорк никс. Харден е дел од НБА лигата од 2009 година кога се појави во тимот на Оклахома и тоа како трет пик на драфтот. Потоа има настапувано и за екипите на Хјустон, Бруклин, Филаделфија, Лос Анџелес клиперс и сега во Кливленд.
Харден никогаш не бил НБА шампион, а во 2018 година беше МВП. Дури 11 пати настапуваше на Ол-стар викендот.

