Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал

Претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, денеска е приведен на информативен разговор во Приштина, објави телевизијата Т7.

Причината за апсењето на првиот човек на косовскиот фудбал засега е непозната.
Косовските медиуми изминатиот период објавуваа дека Фудбалската федерација на Косово е под истрага на обвинителстото во Приштина поради затајување данок и злоупотреба на финансиски средства.

Адеми минатата недела беше ослободен од обвинението кое против него беше подигнато во 2012 година, за кое првично беше осуден на девет месеци затвор.

- Оглас -

Најнови вести