Убавата украинска тенисерка вели дека допингот се нашол во нејзиното тело преку секс

Украинската тенисерка Дајана Јастремска која е моментно 32-ра на ВТА листата, од почетокот на годинава е суспендирана поради користење допинг, кај неа е пронајдена супстанцата местеролон. Младата тенисерка која утре полни 21 година, негира дека се допингувала.

„Во мојата урина се пронајдени многу мали количини на местеролон. Со оглед на ниската концентрација и негативниот примерок две недели претходно, добив научни информации дека е можно позитивниот резултат да е поради некаква контаминација. Оваа супстанца некои мажи ја користат како лек“ – вели Јастремска како вовед во она со што се брани, дека недозволената супстанца се нашла во нејзиното тело преку секс со бившиот партнер.

Нејзиното поранешно момче тврди дека тоа не е вистина, и вели дека таткото на Дајана барал од него да ја преземе вината, или даде дел од косата за анализа, но одбил.

- Оглас -

Најнови вести