7.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Удар за Лапорта: Челзи ја „краде“ најголемата желба на Барселона за 150 милиони евра?!

Најголемата желба на Барселона во последните неколку преодни рокови е офанзивецот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес. Ханси Флик посакува да го види во дресот на Каталонците, но се чини дека желбата нема да му се оствари.

Сметките на Барселона ќе ги помати Челзи, од каде што се подготвени да понудат 150 милиони евра за да го купат Аргентинецот. Вредноста на Алварес се проценува на околу 100 милиони евра и токму тоа е најголемиот проблем на Барселона.

Каталонците подолг период имаат финансиски проблеми и не можат да си дозволат скапи засилувања, а сето тоа најверојатно ќе го искористат Сините од Лондон, кои планираат реконструкција на нападот.

- Оглас -

Најнови вести