УЕФА даде рок до 27 мај да се каже кој ќе игра, а кој ќе ја прекине сезоната

Извршниот комитет на УЕФА им даде рок на националните лиги до 27 мај да се изјаснат дали може да продолжат и да ја завршат сезоната. За местата во европските купови ќе одлучуваат спортските критериуми, а тоа се моментен пласман на табелата или просек на освоени бодови по меч, ако во некоја лига тимовите немаат еднаков број на одиграни средби.

Националните лиги треба да се изјаснат дали ќе може да играат и во каков формат. УЕФА инсистира сите првенства да завршат до 3 август за да може потоа да се одиграат завршниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Препораката е лигите да се доиграат.

УЕФА ќе им даде вкупно 70 милиони евра на клубовите чии играчи настапуваа во квалификациите за ЕП и уште 200 милиони ќе подели по континенталниот шампионат, кој беше поместен за летото 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести