Екипата на МФК Карвина нема да игра во европските клупски натпреварувања, иако како освојувач на Купот во Чешка, обезбеди место во Лига на Европа. Сепак, Карвина е исфрлена од европските купови поради сомнежи за директно или индиректно вклучување во натпревари со наместен исход, одлучи Комитетот за жалби на УЕФА. Ова значи дека има промени за тоа кои екипи од Чешка, во кои натпреварувања ќе играат.
Викторија Плзен ќе игра во плејофот за Лигата на Европа на местото на Карвина, која беше дисквалификувана. Екипата на Храдец Кралове ќе го замени Пилзен во второто квалификациско коло од Лигата на Европа, каде што ќе се соочат со норвешки Тромсе, додека најновиот учесник на европските турнири е тимот на Јаблонец, кој ќе игра во второто квалификациско коло од Конференциската лига, каде што првично беше Храдец. Противник на Јаблонец ќе биде хрватски Вараждин.
Поради скандалот за учество во наместени мечеви, етичкиот комитет на Чешката фудбалска федерација го исфрли екипата на Карвина од првенството.

