УЕФА го казни Фенербахче за скандирањето „Путин, Путин“ на мечот со Динамо Киев

Истанбулски Фенербахче ќе плати парична казна од 50.000 евра, и на наредниот европски меч на трибините ќе мора да има 5.000 празни седишта. Ова се казните кои на турскиот клуб му ги изрече УЕФА, поради скандирањето „Владимир Путин“ на мечот помеѓу Фенер и украински Динамо Киев од квалификациите за Лигата на шампионите.

Кога Динамо даде гол, стрелецот Бујалски пред фановите на Фенербахче покажуваше орел, кој е амблем на градскиот ривал Бешикташ, па навивачите вратија со скандирање на името на рускиот претседател кој во февруари нареди воен напад на Украина, и војната таму уште трае.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести