УЕФА го менува правилото, ќе може да играат српски против хрватски и босански екипи

Српските клубови при ждрепката за квалификациите од Лигата на шампионите и Лига Европа ќе имаат повеќе потенцијални противници, бидејќи ќе може да играат и против екипи од Хрватска и БиХ, нешто што беше забрането после инцидентите на мечот Зрински – Партизан во Мостар во 2007 година.

УЕФА реши да не го примени „непишаното“ правило дека српските клубови не може да играат со ривали од Хрватска и БиХ. Летово ќе нема публика, па така постои можност Црвена ѕвезда да игра со Сараево во второто или Динамо Загреб во третото квалификациско коло од ЛШ, или Партизан да оди на мегдан со Железничар, Борац Бања Лука, Осиек, а подоцна со Хајдук или Риека.

Останува забраната да играат екипи од Србија против екипи од Косово, а косовските тимови не смее да играат ниту против ривали од БиХ. Освен балканските, има и други земји кои се „некомпатибилни“. Не смее да играат клубови од Ерменија против Азербејџан и клубови од Украина со клубови од Русија.

Ждрепката за првото коло од квалификациите за ЛШ е на 9 август, а утредента е извлекувањето на двојките за второто коло и за првото од квалификациите во Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести