УЕФА го прогласи голот на сезоната (Видео)

Погодокот со ножички на Мехди Тареми од Порто на дуелот против Челзи во четвртфиналето на Лигата на шампионите е прогласен за најубав гол во натпреварувањата на УЕФА за изминатата сезона.

Тареми доби речиси 30 проценти од гласовите. Второто место му припадна на Лоренцо Инсиње од дуелот на Италија и Белгија на ЕВРО 2020, додека трети е голот со шут од далечина на Кемар Руф од Ренџерс на средбата од групната фаза во Лигата на Европа против Стандард Лиеж.

https://twitter.com/i/status/1420744760298381326

 

- Оглас -

Најнови вести