32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

УЕФА ја казни Барселона и уште десетина клуба

УЕФА одреди парична казна од 500.000 евра за фудбалскиот клуб Барселона за погрешно пријавување на профит во финансискиот извештај за 2022 година.

Оваа казна нема врска со „Случајот Негреира“ и плаќањето на судии, туку казната е одредена од комитетот за економска контрола на УЕФА.

Казната не е висока за клуб како Барса, но и прекршокот кој го направиле не е многу сериозен според правилата на УЕФА. Доколку имало погрешна информација околу суми добиени од трансфери на играчи, приказната би била поинаква и казната би била многу повисока.

Покрај Барса, казни по разни основи добија и други клубови како Антверпен, Трабзонспор, Манчестер јунајтед, Коњаспор, АПОЕЛ, Рига ФЦ, Олимпија Љубљана, Башакшехир и Слован Братислава.

Најлошо минаа Антверпен и Трабзон, кои треба да платат по 2 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести