УЕФА најавува: Драстични казни за тие што нема да ја завршат лигата

Домашните првенства мора да завршат, е наредбата која лигите ја добиле од УЕФА. Фудбалот е во најголема криза од Втората светска војна наваму, поради пандемијата од смртоносниот коронавирус, натпреварувањата се прекинати и не се знае кога, и дали воопшто ќе продолжат.

Челниците на најсилните европски лиги инсистираат првенствата да се доиграат до крај и на терен да се добијат шампионите, за да се намалат финансиските загуби. Има и такви кои мислат дека фудбал во вакви услови нема смисол и дека треба шампионатите да бидат поништени.

Ставот на УЕФА е дека првенствата треба да завршат, како и да е, бидејќи поради тие првенства, а и поради Лигата на шампионите и Лига Европа, беше одложено Европското првенство кое требаше да се игра годинава, но на програмата ќе биде следното лето. Ако некоја лига не заврши, клубовите нема да може да се пријават за настап во европските купови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести