УЕФА објасни зошто е поништен голот на Бензема против Ливерпул

Најконтроверзниот момент од саботното финале во фудбалската Лига на шампиони беше одлуката на судиите да го поништат голот на Карим Бензема во финишот на првото полувреме.

Многумина се чудеа зошто голот на Бензема е поништен кога во петерецот имаше играч на Ливерпул, а топката дојде до Французинот по контактот со топката на Фабињо од Ливерпул.

Три дена по финалето, се огласија од УЕФА со расчистување на сите дилеми.

Клучна за поништувањето е проценката дека Фабињо не играл намерно со топката, што е слободна судиска проценка и впечаток на судијата. Толкувањето е дека судиите процениле дека Фабињо скокнал за да го пресече додавањето на Валверде, а тоа не се смета за доброволно играње со топка, туку за допир.

„Се смета дека играч во офсајд позиција не е во офсајд кога ќе ја прими топката од противник кој доброволно игра со топката“, стои во текстот со правилата.

- Оглас -

Најнови вести