УЕФА објави снимка од разговорот на Роналдо и Пепе (Видео)

Елиминацијата на Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампиони беше најголемото изненадување во првата нокаут фаза од елитното натпреварување на УЕФА. Порто беше тимот кој се радуваше против Јувентус и тоа по дури 210 минути игра во двомечот.

Порто победи со 2:1 на првата средба, а Јувентус возврати со ист резултат по 90 минути во Торино, па мораа да се играат дополнителни 30 минути. Во тие 30 минути , Порто погоди за 2:2, а потоа Јувентус даде трет гол, но тоа не беше доволно, затоа што италијанскиот првак беше елиминиран поради повеќе погодоци примени на свој терен.

Еден од најзаслужните за радоста на Порто беше капитенот Пепе. Искусниот португалски дефанзивец имаше многу дуели со неговиот сонародник Кристијано Роналдо. Пепе и Роналдо беа соиграчи и во Реал Мадрид, а на овојпат како големи ривали, имаа и интересна дискусија.

Пепе бараше лекарска помош, а Роналдо веруваше дека тоа е само да се задржи времето, па Кристијано го испровоцира сонародникот.
„Играј! Јас ќе победам и тоа со тебе на теренот“, рече Роналдо кој два пати ја повтори истата реченица. Пепе воопшто не реагираше на оваа провокација на Кристијано, а на крајот капитенот на Порто се радуваше на место во четвртфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести