УЕФА поштено се избламира околу името за ЕП, па се извини за грешката

Претходно денеска на официјалната „Твитер“ страница на УЕФА беше соопштено дека Европското првенвсто и в година ќе го носи името ЕП 2020, иако ќе се одржи во 2021 година. Неколку часа подоцна Европската фудбалска асоцијација се извини за грешката и посочи дека за името на поместениот шампионат дополнително ќе се разговара и одлучува, а дека претходната објава била грешка.

Коронавирусот направи тотален хаос низ целиот свет, додека Стариот континент особено е погоден и пандемијата се шири постепено. Токму поради тоа сите првенства се прекинати, додека макотрпно се работи да се најде решение како најдобро би се завршила сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести