УЕФА повторно го помести баражот Македонија – Косово!

Европската фудбалска унија на видео-конференцијата со 55-те генерални секретари на националните федерации донесе одлука дека приоритет за европскиот фудбал е завршување на домашните лиги, како и Лигата на шампионите и Лигата на Европа до крајот на јуни.

Поради пандемијата од Коронавиирусот, повторно се одложени и баражите од Лигата на нациите преку кои се влегува за Европското првенство, па мечот Македонија – Косово, кој прво требаше да се игра на 26 март, а потоа беше поместен за 4 јуни, нема да се игра ниту во тој термин. Наредни слободни термини за одигрување натпревари на репрезентациите се 3 и 8 септември.

- Оглас -

Најнови вести