УЕФА сака на ЕП да играат само вакцинирани фудбалери

Медицинскиот комитет на Европската фудбалска унија, УЕФА, работи на протоколот според кој ќе се одвива претстојното Европско првенство за мажи, без да има несакани случаи на фудбалери инфицирани со вирусот Ковид-19,.

УЕФА ќе обезбеди вакцинирање на 600 фудбалери (во секоја од 24-те репрезентации ќе има по 25 играчи на пријавната листа), како и на сите други членови на техничкиот и тренерскиот тим на селекциите учеснички на ЕП.

Еуро 2020 треба да почне на 11-ти јуни. Во осум од 12-те градови каде треба да се игра, мечевите ќе бидат со ограничен број на публика, а до 19-ти април останатите четири града (Билбао, Даблин, Минхен и Рим) треба да поднесат дополнителни информации и планови, пред да се донесе конечна одлука дали овие градови остануваат домаќини на ЕП или не.

- Оглас -

Најнови вести