УЕФА со прекрасно видео нѐ претстави како учесници на ЕП (Видео)

Европската куќа на фудбалот го реобјави видеоматеријалот на Фудбалската федерација на Македонија со кој го најави учеството на дебитантот Македонија на Европските првенства, а кусата содржина од околу 30 секунди е од големата радост по победата во Грузија.

Македонија оствари историски успех во Тблиси на 12 ноември, со победа од 1:0 против Грузија и го завери билетот за прво учество на големите натпреварувања.

Моментите од радост на играчите и на селекторот Игор Ангеловски по завршувањето на мечот на арената „Борис Паичаѕе“ е хајлајт на видеоматеријалот, исполнет со огромна радост.

https://twitter.com/EURO2020/status/1329411175130521603?s=20

На Европското првенство ќе дебитираме на 13 јуни во Букурешт против Австрија, а четири дена подоцна на истото место ќе играме против Украина.

За крај на натпреварите во фазата по групи во првото учество Македонија ќе игра против Холандија во Амстердам на 21 јуни.

- Оглас -

Најнови вести