Украина и Австрија ќе си дадат барем по еден гол

6803 Украина – Австрија (18.00 часот)

Доколку има победник на овој меч, тој тим ќе го освои второто место во групата и ќе игра осминафинале против Италија. Нерешено повеќе им одговара на Украинците, кои би биле втори, но и Австрија со бод би заминала во осминафиналето како една од најуспешните третопласирани, па тука најреален конечен тип е икс. Овие селекции никогаш не играле официјален меч меѓу себе, а со оглед на прикажаното во првите две рунди, одбраните им се послаба страна и би требало да има барем по еден гол во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (2.14)

 

6804 Финска – Белгија (21.00 часот)

Белгија има 6 бода и оди понатаму, но не се знае дали како прва или втора. Белгија игра за себе, но може да им помогне и на Данците доколку тие ја совладаат Русија. За Белгијците и реми е доволно за прво место, Финска по изненадувањето над Данска и победата од 1-0, загуби против Русија исто така со 0-1. Се знае кој е фаворит, Белгијците можат малку и да калкулираат, а нема да настапи Торган Азар, но Финците тешко дека ќе победат против фаворитот, кој има амбиција да стигне до финале.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.66)

 

6805 Русија – Данска (21.00 часот)

Русија со победа сигурно оди во осминафинале, а и нерешено може да им заврши работа. Данците на шокантни начини загубија во првите две кола, нив им треба победа, но и со тие три бода прашање е дали ќе одат во осминафинале. Русите првите две кола ги играа дома, а вечерва гостуваат во Копенхаген и тоа е предноста на Данците кои треба да играат како во првото полувреме против Белгија ако сакаат резултат кој би ги задоволил.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.89)

 

1278 Бохемијанс – Шемрок роверс (20.45 часот)

Ова е дерби во Република Ирска. Боемите се во добра форма, освоија 10 бода во последните четири кола, во последно време особено ефикасно играат дома, но Шемрок е лидер на табелата и по 16 кола, има десет бода повеќе од тимот кај кого гостува вечерва. Ова е дуел на најефикасниот напад (Бохемијанс) против најцврстата одбрана во лигата (Шемрок). Шемрок победуваше на последните две гостувања во Даблин, и тоа без примен гол. Последен пат се сретнаа во април, кога беше 2-1 за Шемрок, кој тогаш беше домаќин.

Предлог тип: 12 I & 1-2 II (2.50)

 

5723 Уругвај – Чиле (23.00 часот)

Уругвај има серија од четири меча без постигнат гол, што е катастрофален учинок за тим кој во напаѓачката линија ги има ѕвездите Кавани и Суарес. Чиле е борбен цврст тим кој не прима многу голови. За Уругвајците добро би било да победат за да избегнат четвртфинале со Бразил. Чилеанците се борат со Аргентина за прво место во групата и нема да калкулираат, но кај нив неизвесен е настапот на Алексис Санчес. Двата тима имаат серија од четири меча со 0-2 гола. Последниот меѓусебен дуел им беше лани во октомври, Уругвај победи со 2-1.

Предлог тип: 0-2 гола (1.67)

- Оглас -

Најнови вести