Украина има фудбалски јунаци, ја победија Шкотска во Глазгов и сега се на еден чекор од Мундијалот во Катар

Фудбалската репрезентација на Украина ќе игра против Велс во финалето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Една од овие две селекции ќе биде последната европска репрезентација која ќе биде дел од планетарниот собир за помалку од шест месеци.

Украина вечерва на гостински терен во Глазгов со 3:1 ја победи Шкотска и се избори за пласман во финалето од плејофот. Капитенот на Украина, Андриј Јармоленко, ја најави победата со прекрасен гол во првото полувреме, кога успеа да го лобува голманот на Шкотска.

На почетокот на второто полувреме гостите се израдуваа и по вторпат. Јаремчук со глава успеа да погоди за 2:0, што се покажа како недостижна предност за Шкотите.

Домаќините напаѓаа и дадоа гол во 79-тата минута преку Мек-Грегор за 1:2, но Шкотите немаа сили да се спасат од пораз.

Во последните секунди од мечот, кога домаќините тргнаа со сите сили во напад, Украина направи контранапад и Довбик погоди за конечни 3:1.

- Оглас -

Најнови вести