Украинците не планираат да го откажат полуфиналето во футсал против Русија

Дуелот помеѓу Русија и Украина од полуфиналето на Европското првенство во футсал ќе се игра задутре попладне во Амстердам, и тоа нема да биде обичен меч. Во фудбалот уште при ждрепката се исклучува можност овие две соседни земји да играат една против друга поради политичките проблеми што ги имаат, но во футсал ќе има борба.

Тензиите сигурно ќе бидат присутни, политиката ќе биде пред спортот, јавноста во двете земји ќе го следи мечот со голема возбуда, а особено за Украинците тоа ќе биде повеќе од обично полуфинале. Има дури и такви кои сметаат дека Украина не треба да се појави на терен против „окупаторите“, но средбата ќе се игра.

Русија, за која играат и неколку Бразилци, ќе биде фаворит на хартија, но мотивацијата веројатно ќе биде поголема кај Украинците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести