Ули Хенес се фали: Да знаете само кои играчи ќе ги купи Баерн

Баерн Минхен сезонава ќе има тешка задача за да ја одбрани титулата во Бундеслигата. Фактот дека „баварците“ сезонава не се доминантни како претходно, беше причина за претседателот на Баерн, Ули Хенес, да најави големи засилувања во летниот преоден рок.

Од Баерн на крајот од сезоната ќе си заминат ветераните Франк Рибери и Арјан Робен, а најавено е и можно заминување на Роберт Левандовски и уште неколку други играчи. Хенес вели дека навивачите не треба да се грижат.

„Само да знаете кои играчи ги договоривме за летниот преоден рок. Нема да ви кажам со кого сме потпишале, но со сигурност тоа ќе бидат одлични играчи. Ќе има замена за Рибери и Робен, а се бара алтернатива и за Левандовски“, откри претседателот Хенес.

Веќе е јасно дека во Баерн на крајот од сезоната ќе пристигне францускиот репрезентативен бек Бенжамен Павар, а за останатите квалитетни најавени засилувања треба да се почека за да се дознаат нивните имиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести