Уникатен дизајн: Холанѓаните ќе играат со топка на која има портрети од 11 артисти (фото)

Во новата сезона во Ередивизие, односно холанската елита, ќе се игра со уникатен дизајн на топката од спортскиот бренд „Дербистар“. Во соработка со две холандски музички продуцентски куќи, „Дербистар“ употреби портрети од 11 артисти како дизајн за топката.

Холандската фудбалска федерација на овој начин сака да ги поддржи талентираните музичари кои, пред сè, се занимаваат со хип-хоп музика, а спојот на двете забавни сфери ќе биде од голема важност за музиката, но и за фудбалот во оваа земја. Инаку сезоната 2020/21 треба да почне во септември.

- Оглас -

Најнови вести