Уникатно, германски третолигаш продаде 72.000 виртуелни билети за куп-меч

Навивачите на германскиот третолигаш Динамо Дрезден купија над 72.000 виртуелни билети за натпреварот од Купот против Дармштад, иако средбата се играше без публика. Од Динамо побараа фановите да купат билети по симболична цена од 5 евра и со тоа финансиски да му помогнат на клубот во овие тешки времиња.

Стадионот во Дрезден на кој игра Динамо, има капацитет од 32.000 седишта, што значи дека оние 72.112 продадени билети се повеќе од двојно од капацитетот на трибините.

Динамо загуби со 0-3, но барем доби значаен приход во клупската каса.

- Оглас -

Најнови вести