Уникатно – постигнат еврогол преку три „живи ѕида“ (Видео)

Женската репрезентација на Италија без проблеми ја победи Малта со 5:0 во квалификациите за пласман на Европското првенство за играчи до 21 година. Мечот го одбележа првиот гол кој го постигнаа Аѕурите, а тоа беше ремек-дело на Валентина Церонија.

Во 27-мата минута беше досуден слободен удар, а Италијанките направија нешто кое досега не е видено. Покрај живиот ѕид на противничките, фудбалерките на Италија наместија дополнителни два живи ѕида. Ситуацијата делуваше збунувачка, но Валентина изведе перфектен слободен удар во стилот на Лионел Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести