Уникатно решение како навивачите заедно да го гледаат својот омилен тим (Фото)

Навивачите на Викторија П’лзењ вчера имаа многу причини за славење затоа што нивниот омилен тим победи на гости со 2:1 кај Спарта Прага. Гостите дадоа еден гол во првото и еден во второто полувреме за сигурни 2:0, а Спарта пред крајот даде само почесен погодок.

На стадионот во Прага беше дозволен лимитиран број гледачи, но секако тоа можеа да бидат само домашни фанови. За да има заедничко гледање на мечот, се погрижија и фановите на Викторија П’лзењ, кои организираа видеобим во стилот на поранешните автокина, на паркинг од своите возила да го следат натпреварот.

На крајот навивачите излегоа од возилата и заслужено го прославија триумфот со кој стигнаа до 53 бодови и се единствени ривали на лидерот Славија Прага (61 бод) во трката за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести