Урнебесна конверзација на Хамилтон со тимот: Гумите се добри, само има меури на нив (Фото)

Луис Хамилтон е во атак на осмата рекордна победа на Силверстон, а имаше урнебесна конверзација со претставниците на својот тим од Мерцедес.

Во текот на 36. круг актуелниот светски првак забележа дека нешто не е в ред со гумите на болидот и праша дали е се в ред, а доби урнебесен одговор.

„Можеш да продолжиш, тоа се само меури, гумата под нив ќе издржи“, му одговорија од Мерцедес. Во Силверстон се возеше и претходната трка во Формула 1 и имаше неверојатни инциденти со пукање на гумите на неколку болиди, па пилотите имаа исклучително големи проблеми.

Хамилтон во досега невиден стил со пукната гума возеше во финишот и успеа да победи, па разбирлив беше стравот денеска со урнебесната конверзација со техничарите од неговиот тим.

- Оглас -

Најнови вести