Уште една легенда на Реал почина од Коронавирусот

Грегорио Гојо Бенито, легендата на Реал Мадрид, утрово почина на 73-годишна возраст. Поранешниот шпански дефанзивец на Кралевите ја загуби битката со Коронавирусот, додека цела деценија боледуваше од Алцхајмер. Ова е втора легенда на Реал која почина од вирусот Ковид-19, откако пред десетина дена битката ја загуби и поранешниот претседатело Лоренцо Санс.

Бенито цели 13 години до 1982 година го носеше белиот дрес и запиша 420 настапи за Реал освојувајќи 11 трофеи, од кои шест титули се во шпанското првенство. Гојо се смета за еден од најдобрите стопери во историјата на 13-кратниот европски првак.

- Оглас -

Најнови вести