Уште една македонска „бомба“ на последниот ден од зимскиот преоден рок

Македонскиот одбранбен фудбалер Владимир Димитровски потпиша договор со исландскиот Гриндавик.

Овој 33-годишен играч е некогашен сениорски и младински репрезентативец на Македонија, а во текот на кариерата покрај играњето во неколку скопски клубови, има и богата интернационална кариера, која ќе ја продолжи на Исланд.

„Многу сум задоволен што Владимир ни се придружи. Тој е моќен и искусен играч кој несомнено ќе биде важен играч за Гриндавик. Во добра форма е и со нетрпение очекувам да работам со него во текот на сезоната“, вели Алфред Елијас Јохансон, тренерот на Гриндавик.

Исландската лига е завршена, па македонскиот интернационалец дебито во тамошниот шампионат ќе го има следната сезона, која почнува во мај.

- Оглас -

Најнови вести