Успешна контрола: Вардар му даде 12 гола на италијански нисколигаш

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, победи со неверојатни 12:0 против италијанскиот нисколигаш Норчија.

Најефикасен беше Закариќ со пет гола, по двапати во листата со стрелци се запишаа Николов, Дурански и Пиреш, додека Италијанците си постигнаа и еден автогол.

Следниот контролен дуел за вардарци на подготовките во Норчија ќе биде екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, против која играа минатото лето во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести