Ужас во САД! Убиен екс НБА играч

Некогашниот НБА-играч Андре Емет е убиен во престрелка која се случила во Далас. Некогашниот кошаркар играше во НБА-лигата, но и во Европа, имаше 37 години. Според полицискиот извештај, убиството се случило во 2:30 часот. Емет бил во своето возило непосредно пред домот, кога се појавиле двајца вооружени и пукале во него. Емет бил погоден од куршумите и настрадал на самото место, а убијците избегале.

https://twitter.com/Ballislife/status/1176194381889466368

Емет беше избран како 35-ти пик на драфтот во 2004 година од екипата на Сиетл, а дојде од престижниот колеџ Тексас Тек. Кариерата не му одеше во посакуваната насока, па беше вратен во Развојната лига, а потоа замина во Европа. Играше за Литвос Ритас. Потоа играше и во Азија, па се врати во САД и го облече дресот на Њу Џерси нетс. Последниот клуб за којшто играше беше Капитенс де Аресибо во Порторико.

 

- Оглас -

Најнови вести