Ужасно: Навивачите славеа гол, а потоа попушти оградата (Видео)

Мечот од шпанската трета лига меѓу Замора и Депортиво Ла Коруња за малку можеше да заврши трагично. Немаше погодоци, кога пред крајот на мечот гостите постигнаа погодок за 1:0.

Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња тргнаа да прославуваат пред трибината каде што беа сместени нивните навивачи, кога во еден момент попушти оградата од трибината.

Десетици навивачи паднаа од трибината, но, за среќа, немаше потешко повредени, а само петмина навивачи завршиле во блиската болница, но набрзо биле пуштени на домашно лекување.

- Оглас -

Најнови вести