Ужива во рехабилитацијата: Златан има нов српски музички хит (Видео)

Златан Ибрахимовиќ уште не планира да оди во фудбалска пензија, иако во октомври ќе полни 41 година. Прославениот шведски голгетер се опоравува по повредата на коленото, уживајќи во српска музика.

Популарниот Ибра е љубител на овој вид музика, па на прославата на неговиот 40-ти роденден пееше пејачката Нада Топчагиќ, а негов омилен хит му беше „Јутро е“. Сега Ибрахимовиќ има нов хит и тоа е песната „Рекла ми је рекла“ од српскиот пејач Слободан Радановиќ.

Се очекува Ибра во новата сезона да продолжи да го носи дресот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести