Ваков фудбалски нокаут немало одамна (Видео)

Ангерс со 2:1 го победи Рен и се пласира во 16-финалето на Купот на Франција, во дуел на две прволигашки екипи. Домаќините во првиот дел дадоа два гола и во вторите 45 минути ја сочуваа предноста. Гостите дадоа само еден гол, но на крајот се покажа како недоволен да се спасат од пораз.

Покрај трите гола, мечот го одбележа и еден невообичаен инцидент. Во една акција, во дуел беа капитенот на домаќините Томас и гостинскиот напаѓач Дел Кастилјо. Томас во обид да ја исфрли топката што е можно подалеку, силно ја шутна, а таа заврши директно во лицето на Дел Кастилјо, кој беше во скок.

Гостинскиот напаѓач падна како погосен и веднаш мораа да реагираат лекарите. По 2-3 минути укажување помош, Дел Кастилјо мораше да биде изнесен на носилки.

 

- Оглас -

Најнови вести