Ваков центарфор нема ниту еден тим на светот (Фото)

Неочекуван гостин им го разубави фудбалскиот натпревар на девојчињата во Данедин на Нов Зеланд, а радоста беше голема, откако фока се појави на теренот.

Натпреварот беше прекинат, а гостинот потоа според извештаите на медиумите на Нов Зеланд се префрлил на соседниот терен. Фоката не сакала да го напушти детското друштво, па родителите едвај успеале да го фатат неочекуваниот гостин.

„Потоа возевме дури 45 минути до првата песочна плажа за да ја вратиме фоката на нејзиното природно место. Минала долг пат од неколку километри, за да се појави на фудбалскиот терен. Им го разубави денот на девојчињата што играа фудбал“, вели еден од родителите на фубалерките кои имаа неочекуван гостин во Данедин на Нов Зеланд.

 

- Оглас -

Најнови вести