Вакви „ножички“ во Англија одамна не се видени (Видео)

Себастијан Халер, играчот на Вест хем, е стрелец на најубавиот гол постигнат вчера во Топ 5 лигите. Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска погоди на спектакулатен начин, со ножички.

По еден центаршут, иако во шеснаесетникот иамше повеќе играчи, Халер реши да изведе удар со ножички и погоди за израмнување на 1:1 во дуелот против Кристал палас, резултат кој остана до крајот на средбата.

Погодокот на Халер сигурно ќе конкурира за најдобар во Премиер лигата сезонава.

https://twitter.com/i/status/1339475394777518080

 

- Оглас -

Најнови вести