Вакво чудо во Премиер лигата немало од 1988 година

Вчерашнот ден ќе биде за памтење во Саутемптон. Светците победија со 2:0 против Њукасл што и не е некое чудо, но тие три бода го однесоа Саутемптон на чело на табелата во Премиер лигата. Ова е за прв пат Саутемптон да преноќи како лидер во елитното англиско првенство, по пауза од 32 години. Последен пат Саутемптон бил лидер па макар и само една ноќ, на 16 септември 1988 година.

Речиси никој не можеше да верува дека Саутемптон ќе биде лидер, посебно ако се знае дека тимот ја започна сезоната со два порази. По стартните неуспеси, Саутемптон нареди пет победи и едно реми, па сега со 16 бодови е на челната позиција.

Че Адамс, играчот кој минатата година пристигна во редовите на Саутемптон, тогаш изјави дека Саутемптон има сили да ја освои Премиер лигата. Адамс синоќа даде гол против Њукасл и помогна тимот да го направи најголемиот успех во последните 32 години во првенството.

„Не гледам причина зошто Саутемптон да не може да биде шампион на Англија“, рече тогаш Адамс. Тоа што е уште поинтересно, Саутемптон во преодниот рок пред сезоната речиси и да не потроши пари за нови засилувања, а тимот игра фантастично.

Според стартот, Саутемптон потсетува на легендарната сезона на Лестер, тимот кој во сезоната 2014/15 стигна до шампионската титула.

 

- Оглас -

Најнови вести